Достапни линкови

logo-print

Итен состанок на СЗО за МЕРС во Јужна Кореја


Светската здравствена организација (СЗО) свика итен состанок на 16 јуни на кој ќе серазговара за актуелната појава на вирусот МЕРС (респираторен вирус) во Јужна Кореја.

Помошник генералниот директор на СЗО Кеиџи Фукуда,изјави дека епидемијата во Јужна Кореја е „голема и комплексна“. Но надлежните истакнуваат дека нема знаци оти болеста станале попренослива и дека не се познати случаи вирусот да се шири надвор од болници.

Досега со МЕРС се заразени 138 лица, а 14 луѓе починаа од 20 мај кога беше дијагностициран првиот случај во Јужна Кореја кај еден бизнисмен кој се вратил од Блискиот Исток. Ова е најголемата епидемија од МЕРС досега надвор од Саудиска Арабија, каде што болеста беше за првпат идентификувана во 2012 година. Во Јужна Кореја властите затворија најмалку две болници, а околу 3.500 луѓе се во карантин.

XS
SM
MD
LG