Достапни линкови

logo-print

Украина побара обесштетување од Русија за вандализираната амбасада


Украина побара обесштетување од Русија, откако толпа ја вандализираше украинската амбасада во Москва и конзулатот во јужниот руски град Ростов на Дон.

„Бараме итна и сеопфатна истрага од руските власти, строги казни за одговорните и надомест на материјалната штета“, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

Нападите ги нагласија тензиите меѓу двете земји, кои ескалираа по почетокот на судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Околу 100 луѓе вчера ја гаѓале украинската амбасада во Москва со јајца, а ноќеска се искршени прозорците и е уништена канцелариска опрема во украинскиот конзулат во Ростов на Дон.

Руското Министерство за надворешни работи, пак, вчера упати протестна нота до Украина, барајќи истрага за оштетувањето на рускиот конзулат во градот Харков во Украина. Напаѓачите наводно фрлале јајца и боја кон конзулатот.

XS
SM
MD
LG