Достапни линкови

Швајцарија изнесе опозициски активист од Азербејџан


Швајцарија го изнесе од Азербејџан опозицискиот активист Емин Хусеинов, кој 10-месеци се засолнуваше во швајцарската амбасада во Баку. Швајцарското министерство за надворешни работи соопшти дека 35-годишниот новинар и активист за човекови права Хусеинив ја напуштил земјата со авионот на високиот швајцарски дипломат Дидие Буркхалтер кој вчера присуствуваше на отворањето на Европските игри во Баку. Портпаролот на министерството рече дека до ова доаѓа по неколкумесечните преговори со азербејџанските власти. Хусеинов има рок до септември да одлучи дали ќе побара азил во Швајцарија. Тој побара засолниште во швајцарската амбасада во август откако властите го обвинија за „нелегална работа и затајување данок“. На обвинувањата се гледа како на одмазда поради неговиот опозициски активизам. Хусеинов е шеф на Институтот за слобода и безбедност на новинарите во Баку, организација која постојано ја обвинува владата на Илхам Алиев за ограничување на слободата на говор.

XS
SM
MD
LG