Достапни линкови

Пакистанската армија убила најмалку 20 исламистички милитанти


Пакистанската армија соопшти дека убила најмалку 20 осомничени милитанти во воздушните напади врз проблематичниот племенски регион Северен Вазиристан во северозападен Пакистан во близина на границата со Авганистан. Исламабад повеќе од една деценија се бори против домашни исламистички бунтовници по американската инвазија на Авганистан во 2001. Пакистанската војска почна голема акција против талибанските и други милитантни упоришта во Северен Вазиристан пред една година. Досега се убиени повеќе од 1.300 милитанти со што 90 проценти од регионот е исчистен од исламистички борци.

XS
SM
MD
LG