Достапни линкови

Средба на Путин и Ердоган во Баку


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на маргините на церемонијата за отворање на Европските игри во главниот град на Азербејџан, Баку. На разговорите зад затворени врати се очекува да било дискутирано за сириската криза и за енергетски прашања, вклучително и за плановите за изградба на гасовод од Русија до Турција. Зборувајќи пред средбата, двајцата претседатели го коментираа отсуството на европските лидери на вчерашната церемонија за почеток на Европските игри поради критиките за кршење на човековите права во Азербејџан.

„Турција, која е кандидат за членство во ЕУ, ја претставуваше цела ЕУ“, рече Путин.

Тој беше придружуван од министерот за енергија Александр Новак, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, шефот на Агенцијата за нуклеарна енергија Сергеј Кириенко, како и од шефот на државниот енергетски гигант Газпром, Алексеј Милер.

XS
SM
MD
LG