Достапни линкови

Во Русија нападнат украински конзулат


Украинскиот конзул во Ростов на Дон, Виталиј Москаленко.

Украинскиот конзул во Ростов на Дон, Виталиј Москаленко.

Вандализиран е конзулатот на Украина во јужниот руски град Ростов на Дон. Украинскиот конзул во Ростов на Дон, Виталиј Москаленко, изјави дека неидентификувани напаѓачи скршиле 17 прозорците на зградата на конзулатот, во текот на ноќта. Напаѓачите, исто така, фрлале јајца и домати кон зградата и насилно ја отстраниле 40-килограмската бронзена плоча од фасадата.
Конзулот рече дека за време на нападот, зградата била празна.
Ростов граничи со источна Украина каде е средиштето на конфликтот, а по конфликтот многумина од тој регион ја преминуваат границата и доаѓаат во Ростов.

XS
SM
MD
LG