Достапни линкови

ДУИ ги откри деталите од договорот на 2 јуни


Лидерот на ДУИ Али Ахмети пристигнува на преговорите на 2 јуни во Скопје.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пристигнува на преговорите на 2 јуни во Скопје.

Од ДУИ денеска го објавија договорот од 2 јуни потпишан по преговорите на лидерите на најголемите партии и на еврокомесарот Јоханес Хан. Во него меѓу другото пишува дека партиите до 10 јуни требале да се договорат за конкретна организација на Владата која ќе ги подготви изборите. Потоа СДСМ да се врати во Собранието и да раководи со анкетната парламентарна комисија основана со скандалот со прислушувањето при што нема да има понатамошно објавување на било каков прислушуван материјал.

Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, како што е наведено ЕУ ќе го олесни меѓу партискиот дијалог за постигнување договор за прашањата од структурни реформи. Партиите се согласиле и за спроведување на сите препораки кои ќе бидат развиени од страна на Европската Комисија во врска со системските прашања на владеењето на правото.

До 31 Јули 2015, како што стои во документот составот на Државната Изборна Комисија ќе се прегледа и модифицира и потоа ќе и се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори како и исто ниво на игра за сите партии. Сите препораки на ОБСЕ / ОДИХР, како што е наведено ќе се применуваат, вклучувајќи и испитување на листата на гласачи во согласност со новата методологија.

XS
SM
MD
LG