Достапни линкови

Регулаторната за енергетика се уште утврдува дали ќе има нова цена на струјата. Упатените велат дека поскапувањето е извесно, но дека Владата поради моменталните случувања може да дозволи покачување од неколку проценти, но нема да дозволи зголемување од 10 проценти.

Изминативе денови во јавноста се почести се информациите дека од август годинава цените на струјата може да бидат зголемени. Регулаторната комисија за енергетика во моментов ги резгледува годишните апликации на трите енергетски компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ во кои се наведени нивните приходи и трошоци и врз основа на кои треба да биде утврдено дали ќе има нова цена на струјата.

Но за тоа покачување одговорно е слабото производство во нашите домашни капацитети, односно најодговорна е компанијата ЕЛЕМ, што тоа треба да го направи, но не го напрвила.

Службите од Регулаторната комисија за енергетика, кусо ни одговорија дека до нив стигнале барањата што ги имаат поднесено трите компании, но дека во моментов не можат да излезат со конкретни информации, бидејќи се уште работат на пресметките, велат од Регулаторна.

Од компанијата ЕВН Македонија не известија дека трите компании чекаат да се утврди дали постои можност за покачување на цените на струјата или било каква корекција на тарифите. Оттаму истакнаа дека секоја промена во која било компанија што учествува во цените, може да предизвика промена на цените кај крајните корисници коишто со струја ги снабдува ЕВН.

Сега овие дополнителни зголемувања само ќе придонесат на намалување на стандардот на населението и на влошување на работењето на параматрите на компаниите, односно зголемување на нивните трошоци.

Професор Атанаско Тунески од Машинскиот факултет во Скопје, вели дека реално е да дојде до покачување на цените на струјата, поради слабото домашно производство и зголемениот увоз на електрична енергија, честите и долгите испади од електро-енергетскиот систем на домашните капацитети, пред се на РЕК Битола и практично неработењето на РЕК Осломеј, вели Тунески.

„Но за тоа покачување одговорно е слабото производство во нашите домашни капацитети, односно најодговорна е компанијата ЕЛЕМ, што тоа треба да го направи, но не го напрвила. Значи до покачување веројатно ќе дојде, ако се суди по трошоците што компаниите ги прават, но некој треба да понесе одговорност зошто сериозно е намалено домашното производство, пред сѐ последнава година, а и неколку години наназад“, вели Тунески.

Во јули минатата година цената на струјата беше покачена за 3,5 проценти, а моментално во јавноста се присутни непотврдени информации дека една од компаниите бара новото поскапување да изнесува 10 отсто.

Тунески потенцира дека постојат сериозни потфрлања во домашното производство и како резултат на тоа ќе се случи зголемување на цените на струјата, ако се земат во предвид економските параметри. Неекономските параметри се доколку Владата од други причини заклучи дека нема да има зголемување на цената на струјата, вели тој додавајќи дека зголемените цени на струјата ќе ги зголемат и трошоците на бизнисот и ќе го намалат животниот стандард на населението.

„Ние паметиме дека пред неколку години сметките за електрична енергија беа повеќе од двојно помали од денешните сметки. Тогаш едно просечно домаќинство плаќаше струја околу 30 евра месечно, а сега секое четиричлено просечно домаќинство со нормално трошење на електрична енергија, иако не се грее на електрична енергија, плаќа околу 60 евра. Значи повеќе од двојно се зголемени цените во последните години. Сега овие дополнителни зголемувања само ќе придонесат на намалување на стандардот на населението и на влошување на работењето на параматрите на компаниите, односно зголемување на нивните трошоци.“

Тунески смета дека Владата поради моменталните случувања може да дозволи покачување од неколку проценти, но нема да дозволи зголемување од 10 проценти. Но покачувањето од 10 проценти би можело да се случи по 6 месеци или една година, бидејќи некој мора да ги плати трошоците што сега ги прават енергетските компании, а тоа се граѓаните, вели Тунески.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG