Достапни линкови

Политичката криза ќе се одрази на економијата, неизвесно е колку


Светската банка веќе ја намали проекцијата за економскиот раст годинава. Странските инвестиции се намалени, од сите страни доаѓаат предупредувањата дека политиката ќе ја уништи економијата, но од друга страна власта постојано се фали со нови економски успеси.

Сите економски чинители во земјава предупредуваат дека политичката криза ќе се одрази на економија, но прецизни проценки од домашните власти што конкретно кризата ќе предизвика сè уште нема. Гувернерот на Народната банка Димитар Богов најави дека веројатно нема да се исполнат прогнозите за економски раст од 4,1 отсто и ќе треба да се ревидираат.

Тој сака да не се случат изборите толку брзо, да пропаѓаат преговорите како што пропаднаа денеска за да се одложат и изборите коишто минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи, доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, економијата да почне да тоне и тој тука верува дека ќе го најде својот политички спас. Еве, економијата нема да оди, ќе запре отворањето на нови работни места, ќе паѓа индустриското производството, ќе паѓа извозот, ќе паѓаат инвестициите, можеби тој тука ќе добие нешто.

Во меѓувреме, Светската банка соопшти дека прогнозира раст на македонската економија од 3,5 отсто. За догодина се предвидува раст од 3,8, а за 2017 година 4 отсто. Во Извештајот „Глобални економски перспективи“ се наведува дека во речиси сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Македонија, ниските цени на нафтата придонесоа за намалување на стапката на инфлација и подобрување на дефицитот на тековната сметка, што влијае на олабавување на монетарната политика.

Власта обвинува дека целта на опозицијата е да ги забави инвестициите и вработувањата заради политички поени, опозицијата вели дека токму власта е виновна за кризата, гувернерот на Народната банка предупредува дека растот на економијата веројатно ќе биде помал од претходно планираното, а бизнисмените стравуваат од банкрот.

Не сакам да коментирам очајно глупави изјави од човек што се плаши дека ако не е на власт ќе заврши во затвор.

Oд една страна, власта предупредува дека политичката криза ќе влијае на економијата, но од друга страна, постојано се фали со нови економски успеси, најавува поволности за граѓаните и за стопанството, нови инвестиции и отворање нови работни места.

По неуспешните преговори со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Брисел во средата, премиерот Никола Груевски рече дека опозицијата со кризата сака да ја влоши економската ситуација.

Во однос на планираното, приходот од ДДВ не е на нивото на планираното, туку е нешто понизок, додека приходот од данок на добивка и персонален доход е нешто повисок од планираното.

„Тој сака да не се случат изборите толку брзо, да пропаѓаат преговорите како што пропаднаа денеска за да се одложат и изборите коишто минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи, доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, економијата да почне да тоне и тој тука верува дека ќе го најде својот политички спас. Еве, економијата нема да оди, ќе запре отворањето на нови работни места, ќе паѓа индустриското производството, ќе паѓа извозот, ќе паѓаат инвестициите, можеби тој тука ќе добие нешто“, рече Груевски.

За оваа негова изјава побаравме коментар од СДСМ, но Кире Наумов од оваа партија само кусо рече дека „не сака да коментира очајно глупави изјави од човек што се плаши дека ако не е на власт ќе заврши во затвор“.

Има еден изразен тековен дисбаланс во буџетот меѓу јавната потрошувачка и остварувањето на приходите и во овој момент ако се направи пресек.

„За жал во сето тоа му помага и гувернерот Димитар Богов, кој треба да биде независен“, рече Наумов во кусиот телефонски разговор за Радио Слободна Европа.

Во исто време со ваквите предупредувања властите соопштија дека само со проектот „Македонија вработува“ за месец и половина се вработиле 1.600 луѓе, а владата очекува преку овој проект да се вработат околу 20 илјади луѓе. Со програмата за трансформирање на хонорарците во редовно вработени во државниот сектор, пак, се вработиле 2.700 луѓе. Невработеноста во првото тримесечје годинава е намалена за 0,3 проценти во однос на последниот квартал од минатата година и сега изнесува 27,3 отсто. Во овој период бројот на невработени лица е намален за над 3.000, додека бројот на вработени е зголемен за околу 1.200 лица. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека очекува во наредните три или 3,5 години невработеноста да се спушти до 22 отсто.

Ова може да биде индикатор, но јас би почекал неколку месеци. Во еден месец се можни такви движења, но ако тоа продолжи и во мај тогаш очигледно е дека штетата почнува да се чувствува.

Буџетскиот дефицит во првите три месеци од годинава достигна 102 милиони евра, но во април имаше благ суфицит. Сигнал дека политичката криза удри врз економијата беше изјавата на министерот за финансии Зоран Ставрески на крајот на април, кој соопшти дека приходите од ДДВ, носечкиот данок за полнење на буџетската каса, се пониски од планираното. Тој рече дека сè уште е рано да се прогнозира дали ќе има потреба од ребаланс на буџетот.

„Засега приходите се нешто над планираните, 3 до 4 процентни поени, при што сакам да потенцирам дека има разлики во тоа кои приходи како придонесуваат кон овој резултат, некаде имаме потфрлање, некаде има натфрлање. Во однос на планираното, приходот од ДДВ не е на нивото на планираното, туку е нешто понизок, додека приходот од данок на добивка и персонален доход е нешто повисок од планираното“, рече Ставрески пред месец и половина.

Ние имаме економија којашто се базира врз потрошувачката на државата и државата ќе продолжи да се задолжува за да го обезбеди тој политички мир што постојано го најавува.

Откако опозицијата почна да ги објавува прислушуваните телефонски разговори, власта возврати со ветувања за низа погодности за граѓните. Ветија таблет компјутер за студентите, зголемување на студентските и ученички стипендии, зголемување на социјалната помош, зголемување на платите на полицајците, поевтини лекови, целосно обесштетување на земјоделците од поплавените подрачја и ред други погодности.

Академик Абдулменаф Беџети вели дека се најавуваат трошоци поголеми од она што е планирано, а во исто време поради политичката криза може да се очекува намалување на буџетските приходи. Ако ваквата политика продолжи, не може да се очекува ништо друго освен енормно продлабочување на буџетскиот дефицит и значително зголемување на задолженоста на земјата, вели тој.

Бараме од Народната банка и од Министерството за финансии внимателно да ги следат финансиските трансакции за да немаме неконтролиран прилив на пари. Посебно внимание да се посвети на реализацијата на проектите за патна инфраструктура.

„Има еден изразен тековен дисбаланс во буџетот меѓу јавната потрошувачка и остварувањето на приходите и во овој момент ако се направи пресек. Ако се пресметаат и калкулираат фискалните импакти и ефекти на сите најавени мерки на премиерот, да не речам на Дедо Мраз, во секој случај тој дисбаланс ќе биде уште поголем и во блиска иднина веројатно и самиот буџет ќе дојде во една неодржлива состојба“, вели Беџети.

Државниот завод за статистика објави дека е намалена трговската размена со странство и особено извозот, но гувернерот Димитар Богов рече дека тоа се должи на курсот на доларот, и дека всушност нема пад, туку ако трговската размена се изрази во евра, има раст. Државната статистика објави дека во април годинава има пад на индустриското производство за 0,9 отсто отсто во однос на истиот месец минатата година, но Богов вели дека сè уште е рано од тој податок да се извлекуваат заклучоци.

Меѓутоа, конкретно во нашиот случај, оваа политичка криза што фактички ја генерира владејачката партија не би требало толку да се одрази на економијата во државата. Би имало поголеми реперкусии доколку Груевски и понатаму настојува на тоа да остане на власт и тој да спроведе парламентарни избори.

„Ова може да биде индикатор, но јас би почекал неколку месеци. Во еден месец се можни такви движења, но ако тоа продолжи и во мај тогаш очигледно е дека штетата почнува да се чувствува“, вели Богов.

Сепак, и покрај падот на индустриското производство во април, ако се споредат првите четири месеци од годинава и истиот период лани, има раст на производството од 0,8 отсто.

Во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа, гувернерот Богов рече дека ако политичката криза продолжи или ескалира, штетата ќе ја почувствуваме сите.

Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права. Мислам дека тоа е многу побитен фактор и нешто на што внимаваат, како странските, така и домашните инвеститори. Значи мислам дека тоа е многу побитен фактор, иако и политичка криза има влијание.

„Затоа што тоа ќе значи помалку инвестиции, создавање помалку работни места, можеби и намалување на плати некаде, значи намалена потрошувачка, намалени можности, ако дојде до таква ситуација да имаме повисоки каматни стапки, сите коишто имаме кредити ќе имаме поголеми рати за плаќање, исто така бизнисите ќе имаат поголеми рати за плаќање, така што штетата ќе ја почувствуваат сите што живеат во Македонија“, рече тој.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека политичката криза засега не се одразува многу на економијата затоа што македонското стопанство во голема мера зависи од државата, а државата со сите сили се труди да го задржи привидот на нормалност, вели тој.

„Ние имаме економија којашто се базира врз потрошувачката на државата и државата ќе продолжи да се задолжува за да го обезбеди тој политички мир што постојано го најавува“, вели Адеми.

Тој вели дека длабочината на проблемите во економијата ќе дојде до израз по смената на власта.

„Има нови промотивни мерки и маркетиншки трикови, сè со цел да можат да купат уште некој ден од нивното владеење и преку тоа праќаат порака дека ништо во Македонија не се случува, но јас мислам дека оваа влада сега ги купува деновите и дека оваа стабилност е пред една бура којашто претстои откако некоја нова влада ќе ја преземе власта и ќе донесе стабилност. Тогаш ќе доспеат сите кредити, ќе доспеат сите задолжувања што треба да ги вратиме и тогаш ќе видиме кој е вистинскиот ефект од целото ова расипништво и ова недомаќинско трошење“, вели Адеми.

Задолжувањето од почетокот на годината продолжува, иако со намалено темпо во последните два месеци. Од почетокот на годината досега, државниот долг е зголемен за 126 милиони евра. Владата позајмила 501 милиони евра, а вратила стари долгови од 375 милиони евра.

Бизнисмените постојано предупредуваат дека политичката криза може да се одрази на нивната работа и со загриженост ги следат предупредувањата на гувернерот Богов за можно покачување на каматните стапки. Сепак, и покрај тоа што најавија, не излегоа со заеднички барања кои ќе му помогнат на стопанството полесно да ја преживее политичката криза.

Новиот претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, предупреди дека ситуацијата е алармантна и веќе влијае дестимулирачки на домашните и на странските инвестиции.

„Бараме од Народната банка и од Министерството за финансии внимателно да ги следат финансиските трансакции за да немаме неконтролиран прилив на пари. Посебно внимание да се посвети на реализацијата на проектите за патна инфраструктура, со посебен нагласок на автопатот кој нè поврзува со Косово, а понатаму со Црна Гора и со другите земји“, рече Хоџа, кој побара од Владата да престане со непродуктивните задолжувања и трошења и наместо тоа, да се осврне кон поголема поддршка на приватниот сектор.

Бизнисменот Ристо Гуштеров, пак, вели дека е нормално да се очекува политичката криза да остави последици по економијата.

„Меѓутоа, конкретно во нашиот случај, оваа политичка криза што фактички ја генерира владејачката партија не би требало толку да се одрази на економијата во државата. Би имало поголеми реперкусии доколку Груевски и понатаму настојува на тоа да остане на власт и тој да спроведе парламентарни избори“, вели Гушеров.

Тој додава дека евентуалното формирање на преодна влада којашто ќе треба да ја среди работата во земјава ќе ја врати довербата кај инвеститорите и нема да се почувствуваат негативни последици по економијата.

Клучен параметар, кој се чини дека претрпе најголемо намалување во изминатиот период се директните странски инвестиции. Во првите три месеци од годинава во Македонија влегле 69 милиони евра странски инвестиции, што е сериозно намалување во однос на истиот период минатата година кога влегле 109 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Професор Шенај Хаџи Мустафа вели дека политичката криза влијае на странските инвестиции, но не е пресудна.

„Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права. Мислам дека тоа е многу побитен фактор и нешто на што внимаваат, како странските, така и домашните инвеститори. Значи мислам дека тоа е многу побитен фактор, иако и политичка криза има влијание“, вели таа.

Минатата година во земјава влегле 262 милиони евра, а годината претходно 252 милиони евра странски капитал.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG