Достапни линкови

Во Русија скоро 16 насто од жителите се сиромашни


Статистичките податоци покажуваат дека во првата четвртина од годинава бројот на Русите кои живеат под линијата на сиромаштијата пораснал за 3 милиони и 100 илјади. Бројот на Русите класифицирани како луѓе кои живеат во сиромаштија изнесува скоро 23 милиони, или нешто под 16 насто од населението. Станува збор за луѓе кои имаат примања под 176 долари месечно. Руската национална валута во изминатата година загуби 40 насто од нејзината вредност.

XS
SM
MD
LG