Достапни линкови

logo-print

САД: легислатива за борбата против ИД


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли актот со кои конгресмените до март идната година требаше да гласаат дали да му дадат поголема воена моќ на претседателот во борбата против милитантите на Исламската држава. Станува збор за амандман на законот за трошоци за одбраната. Гласањето го нагласи недостигот на политичка волја во Конгресот за решавање на жешкото прашање за справување со Исламската држава. До ова дојде откако Пентагон соопшти дека ја разгледува можноста за изградба на нови воени бази во Ирак. Досегашната воздушна кампања на Соединетите држави во Ирак и Сирија која почна во минатиот август чинела околу 2 милијарди и 700 милиони долари.

XS
SM
MD
LG