Достапни линкови

logo-print

Иванов повика на дијалог


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Од сите зборови, денес еден е најважен за Македонија, а тоа е зборот дијалог, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, упатувајќи им порака на политичките партии. Тој нагласи и дека денес има многу различни идеи, погледи и политички партии и во тоа се состои и богатството на демократијата, но според него, имаме само една држава. Иванов упати порака и до лидерите на партиите да не се клеветат и проколнуваат, туку да си помагаат и да се почитуваат. Иванов изјавата ја даде за време на неговиот говор за значењето на македонскиот јазик на свечената академија посветена на 200 годишнината од раѓањето и 110 години од смртта на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер.

XS
SM
MD
LG