Достапни линкови

Попоски-Сериозен политички ангажман за ЕУ и НАТО


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на редовниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена изјави дека стратегиската цел за целосно интегрирање на Македонија во евро-атланските структури бара сериозен и конструктивен политички ангажман. Според него, Македонија демонстрирала капацитет за дијалог во кој, според него, сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно со цел да се надминат актуелните предизвици.

Тој нагласи и дека ОБСЕ има експертиза која може да биде корисна за зголемување на довербата и одржување фер и демократски избори. Според него, тоа ќе биде од помош за отстранување на креираните предизвици поради недовербата.

XS
SM
MD
LG