Достапни линкови

Коцијанчич-Македонските лидери да преземат одговорност


Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич.

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич изјави денеска дека за несреќа вчерашните преговори не резултирале со договор и ги повика сите страни во интерес на граѓаните и земјата, да најдат одржлив политички компромис без понатамошно одложување и да истапат со конкретни предлози, врз основа на договорите што веќе се постигнати. Според неа, некои клучни елементи од договорот, вклучително и одржување на предвремени избори се договорени, но една од работите што се уште е на маса е точната организација на Владата што ќе ги подготви изборите.

Таа нагласи дека она што е есенцијално е политичките лидери на земјата да ја прифатат одговорноста и да истапат со компромисен предлог што ќе овозможи земјата да се движи напред. Во однос на изјавата на Хан по преговорите дека е разочаран од некои политички лидери од Македонија, таа не сакаше да коментира за кого се работи.

XS
SM
MD
LG