Достапни линкови

logo-print

Убиени 20 луѓе во Сирија


Сириски активисти и опозициски групи соопштија дека најмалку 20 припадници на верското малцинство Друзи биле убиени од огранокот на Ал Кадеа во земјата, фронтот Ал Нусра. Сириската организација за човекови права соопшти дека нападот се случил во едно село во близина на северозападната покраина Идлиб. Меѓу жртвите има повозрасни луѓе, едно дете и еден од членовите на милитантната група. Ал Нусра во последните три месеци ја презема контролата врз големи делови од Идлиб, меѓу кои и главниот град на покраината.

XS
SM
MD
LG