Достапни линкови

„Паратисима“ со отворен и демократски пристап кон креативноста


Од 12 до 14 јули, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи второто издание на „Паратисима Скопје“ - Интернационалниот саем на уметност посветен на подршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии. Покрај главната уметничка поставка во која учество ќе земат повеќе од стотина светски автори, програмата содржи и многубројни концерти, работилници, перформанси, поетски читања и видео проекции.

На креативно Скопје и воопшто на уметноста во Република Македонија, во деновите од престојниот викенд, ќе им се случи второто издание на „Паратисима Скопје“ - Интернационалниот саем на уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии.

Во главната уметничка поставка најавено е дека учество ќе земат над 100 автори од Италија, САД, Данска, Иран, Русија, Србија, Хрватска, Турција, Чиле, Франција, Словачка, Грција, Норвешка, Финска, Кореа, Црна Гора и од Македонија, а тродневната програма содржи и многубројни концерти на интернационални и локални музички артисти, гостувачки и овдешни работилници, перформанси, поетски читања и видео проекции и соработки со академии од земјава и од странство. Сите тие го најавија своето присуство на Саемот на отворениот конкурс што организаторите го распишаа неколку месеци во пресрет на случувањето.

Ние им даваме можност на сите да ја претстават својата работа, но во истовреме има одреден број на награди со чие доделување би сакале да покажеме што е она што претставува еден квалитетен уметник според гледиштата на тимот на „Паратисима Скопје“.

„Ние им даваме можност на сите да ја претстават својата работа, но во истовреме има одреден број на награди со чие доделување би сакале да покажеме што е она што претставува еден квалитетен уметник според гледиштата на тимот на „Паратисима Скопје“,вели Нада Прља, уметница со интернационален успех, поранешен предавач на неколку лондонски универзитети и куратор на „Паратисима Скопје 2015“ .

Таа дополнува дека покрај тоа инсистирала на некои специјални проекти со цел да се направи еден фокус кон едукативниот пристап во уметноста. За таа цел биле поканети повеќе ликовни академии од земјава и од странство, а кураторката инсистирала да се претстават и професорите и студентите.

Хуго Рејс, австралиски музичар ќе настапи на„Паратисима Скопје“ - Интернационалниот саем на уметност.

Хуго Рејс, австралиски музичар ќе настапи на„Паратисима Скопје“ - Интернационалниот саем на уметност.

„Да се покаже што значи работата на еден професионалец кој веќе со години е во креативниот едукативен систем и како тоа е пренесено на студентот кој бил избран од самиот професор. Значи има некој вид на паралела.“

Ова е еден вид на културен мост помеѓу двата града Скопје и Торино. Многу ефективен и реален. Во овие три дена Скопје и „Паратисима Скопје“ ќе бидат центар на таа интернационална мрежа чија задача е да ги стимулира младите творци и европската мобилност во размената на програми.

„Паратисима Скопје“ и оваа година ќе награди 10 најкреативни учесници, и ќе им овозможи своето дело да го изложат на Саемот за уметност „Паратисима“ во Торино кој ќе се одржи во периодот од 4 до 8 ноември. Покрај тоа, на манифестацијата, ќе бидат селектирани и два автора кои ќе добијат можност самостојно да се претстават во скопската галерија „Флукс“ во текот на оваа 2015 година.

Инаку, „Паратисима“ е италијански саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии во вонинституционални рамки и основан е во 2004 година во Торино. Во изминатава декада „Паратисима“ израсна во интернационална вонинституционална мрежа чија цел е да им отвори простор на уметниците од различни средини да го претстават и промовираат сопственото творештво пред пошироката меѓународна јавност и да ги збогатат сопствените знаења и вештини.

Дамијано Алипранди истакнува дека во Република Македонија се присутни од 2012 година кога оствариле соработка со здружението на граѓани „Континео 2020“, по што следуваше и промотивното издание на манифестацијата во Скопје на кое се претставија 90-тина уметници од повеќе европски земји.

„Ова е еден вид на културен мост помеѓу двата града Скопје и Торино. Многу ефективен и реален. Во овие три дена Скопје и „Паратисима Скопје“ ќе бидат центар на таа интернационална мрежа чија задача е да ги стимулира младите творци и европската мобилност во размената на програми. За нас Македонија е дел од Европа. Дел од нашата идеја за Европа како интегрирана институција. Значи не онаква каква што ја познаваме, како бирократска и затворена институција.“

Започнавме со Скопје како наша прва културна станица на што навистина сме горди, а пред нас е и случувањето во Лисабон, Португалија по што одиме натаму.“

Инаку, на отворањето на „Паратисима Скопје“, овој петок, во 20 часот, ќе настапи Хуго Рејс, австралискиот музичар кој заедно со култниот Ник Кејв е еден од основачите на The Bad Seeds. Неговиот концерт ќе го најави италијанската кантавторка Карлот-та, а влезот за нивниот перформанс, како и за сето она што ќе се случува на „Паратисима Скопје 2015“, е слободен.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG