Достапни линкови

Русија ги обвинува САД за конфликтот во Украина


Русија ги обвини САД дека го принудуваат Киев да продолжи со конфликтот во источна Украина каде владините сили се борат со проруските сепаратисти. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека земјата не спроведува било какви невообичаено воени активности.

Според соопштението, руските власти го повикуваат Вашингтон целосно да го имплементира договорот за елиминирање на проектили со краток и долг отстрел. Американскиот Стејт Департмент претходно ја обвини Русија за прекршување на обврските од договорот за вооружување.

XS
SM
MD
LG