Достапни линкови

logo-print

МВР пронајде 120 илегални мигранти во Ваксинце


Полицијата од рано изутрината спровела акција во кумановското село Ваксинце, каде што престојувале голем број илегални мигранти.
Од МВР, како што јавува МИА, потврдиле дека акцијата е завршена. Според првичните информации, биле откриени околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени по куќи во селото.
Против лица од Ваксинце за кои ќе се утврди дека криумчареле мигранти ќе бидат поднесени кривични пријави.
Во акцијата било пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство.
Повеќе информации за случувањата во Ваксинце, МВР најавува во текот на денот.

XS
SM
MD
LG