Достапни линкови

Папата побара од Путин искрени напори за мир


Папата Франциско побара од рускиот претседател Владимир Путин да се заложи искрени и поголеми напори за мир во Украина. Во соопштението издадено по нивната вчерашна средба во Ватикан се наведува дека тие се согласиле оти е неопходна клима на дијалог, како и спроведување на договорот од Минск. Претходно Путин во Милано имаше средба со италијанскиот премиер Матео Рензи кој го истакна традиционалното пријателство меѓу двете земји, но и посочи дека тие имаат различни ставови по некои прашања.

XS
SM
MD
LG