Достапни линкови

logo-print

Стандард и пурс го намали рејтингот на Грција


Стандард и пурс го намали и онака малиот рејтинг на грчките обврзници и сега има тројно „Це“ откако Атина го одложи плаќањето на долгот спрема Меѓународниот монетарен фонд. „Одлагањето покажува дека грчката влада им дава приоритет на пензиите и на другите домашни трошоци пред обврските спрема меѓународните доверители“, се наведува во образложението на Стандард и пурс. Грција преговара со Европската унија околу условите на финансиската помош.

XS
SM
MD
LG