Достапни линкови

Груевски: Заев не сака договор


По маратонските разговори во Брисел на кои четворицата македонски партиски лидери не се согласија за начините за крај на политичката криза во земјата премиерот Никола Груевски го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека не сакал да се постигне договор. „Човекот се плаши од избори. Заев бега од тоа бидејќи знае дека ќе доживее тешко фијаско. Тој не сака да се постигне договор и да има избори. Премиерот Груевски најави дека и натаму е подготвен да разговара. „Ќе продолжиме да работиме многу внимателно и со одговорност. Се разбира ако Заев е отворен за разговори, ние исто така сме отворени за разговори“, изјави Груевски.

XS
SM
MD
LG