Достапни линкови

Цела година живот во скривница во Доњецк


Кога почна бомбардирањето во градот Доњецк во источна Украина, кој е под контрола на сепаратистите, некои жители почнаа да се кријат во подрумите. Она што мислеа дека ќе трае кратко време, се одолговлечи цели година. Новинарот Петр Шеломовски посети една скривница во која 40 луѓе, од кои скоро половина деца, се трудат да преживеат во органичените услови што ги нуди нивниот привремен подземен дом.

„Имаше силни експлозии. Тоа беа наши истрели. Потоа отидовме во подрум“, вели едно девојче од Доњецк, во источна Украина, кое со група деца трча накај скривницата. Децата веќе се навикнати на звукот на гранатите и знаат што треба да се прави кога ќе почнат пукотниците. Тие живеат во подрум што е претворен во скривница, околу 40 луѓе се кријат од борбите во регионот Донбас.

Живеам овде речиси цела година. На почетокот доаѓавме тука само повремено, но кога дојдовте вие, почнавме да живееме тука. Зимоска бомбардирањето беше толку силно што не можевме да живееме во визбата.

„Живеам овде речиси цела година. На почетокот доаѓавме тука само повремено, но кога дојдовте вие, почнавме да живееме тука. Зимоска бомбардирањето беше толку силно што не можевме да живееме во визбата“, вели една жена, жител во скривницата.

„Цел ден зборуваат за Донбас. Зборуваат за разурнувањето“, раскажува една постара жена, додека гледа телевизија.

РСЕ: Само за Донбас?

„Не само за Донбас, зборуваат и за Путин, како преговара...“, додава таа.

Жителите се трудат да го направат просторот што е можно поудобен. Една млада мајка, Свјета, живее тука со нејзините три деца. Нејзиниот едногодишен син не знае за друг дом освен овој.

Не можам ни да замислам како им на луѓето што живеат во нивните домови. На пример жената на брат ми беше дома кога почна и со трчање дојдоа во скривницата.

Доњецк е тивок преку ден. Жителите даваат сè од себе да продолжат со нормалниот живот во ова сепаратистичко упориште. Прекинот на огнот што почна во февруари им даде мал одмор од конфликтот, но жителите велат дека гранатирањето повторно почнало на почетокот на јуни. Се плашат да се вратат во нивните домови.

„Бомбардирањето ме разбуди“, вели друга жена.

РСЕ: Во визбата?

„Да, толку беше силно што го почувствувавме и под земја и траеше цел ден. Не можам ни да замислам како им на луѓето што живеат во нивните домови. На пример жената на брат ми беше дома кога почна и со трчање дојдоа во скривницата“, раскажува таа.

Ужасно е. Децата ги слушаат бомбите. Може да им се одрази психолошки. Тие се преплашени.

Семејството живее под земја и најмногу се потпира на помошта од хуманитарните организации.

Волонтерите од една организација велат дека им помагаат на 1.000 луѓе што живеат во скривниците во Доњецк, но помагањето на тие на кои што им е потребно станува сè потешко.

„Претходно можевме едноставно да донесеме тоа што им треба на луѓето. Сега треба да добиеме дозвола од Министерството за социјална политика(во Киев). Не можеме сами да донесуваме одлуки. Кога ќе добиеме дозвола, треба да и ги донесеме намирниците на друга организација што ги дистрибуира.

Семејствата во скривницата нестрпливо го чекаат денот кога ќе може да се вратат дома, но некои се плашат дека децата може да имаат долгорочни последици.

„Ужасно е. Децата ги слушаат бомбите. Може да им се одрази психолошки. Тие се преплашени.“

Додека чекаат ситуацијата над земја да се смени, децата и родителите го прават она малку што можат да најдат утеха. Ги украсиле ѕидовите на нивниот привремен подземен дом со пораки за мир.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG