Достапни линкови

Затворска и условна казна за демонстрантите


Протестите на 5 мај пред македонската Влада.

Протестите на 5 мај пред македонската Влада.

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни двајцата демонстрантите кои беа уапсени за време на протестите пред македонската Влада на 5 мај и кои не ја признаа вината за делото за кое се товарат. Едниот од демонстрантите доби затворска казна од 2 години и 4 месеци, а вториот условна од 7 месеци која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело. Тие беа обвинети за кривичното дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија.

XS
SM
MD
LG