Достапни линкови

Напад на туристичко место во Египет


Нападот во Луксор.

Нападот во Луксор.

Египетската полиција соопшти дека во познато туристичко место во јужниот дел на земјата бил извршен напад од три вооружени лица. Министерството за здравство соопшти дека четири луѓе, меѓу кои и двајца полицајци биле повредени во нападот. Напаѓачите се обидувале да се пробијат до античкиот храм Карнак во градот Луксор, но биле спречени од полицијата. Двајца од нив биле убиени во престрелката, а третиот се самоубил со детонација на експлозив. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG