Достапни линкови

„Порака Наша“ со активности во нивната весела градина


Корисниците на „Порака Наша“ во Куманово овој период од годината се повеќе време поминуваат во дворот. Подготвуваат ручек, цртаат, учат географија, садат градинарски билки.

Во Дневниот центар за лица со интелектуални попречености над 18 годишна возраст „Порака Наша“ во Куманово, корисниците во овој период од годината се повеќе време поминуваат во дворот. Со нивните воспитувачи освен што подготвуваат ручек, цртаат, сликаат и ги развиваат нивните креативни способности, учат географија, дел од нив копаат во малата бавча и засадуваат градинарски билки. Задоволни се и добро расположени сите.

Првиот аспект е психолошки, бидејќи корисниците имаат прилика да набљудуваат еден животен биолошки процес. Од почетокот кога едно семе се става во земја или коренче кое ,’рти, расне, кое на крај дава плод. Според тоа со нив можеме понатаму да развиеме и когнитивни активности со нив, со кои ќе го следиме и човечкиот животен процес.

„Денот го започнуваме со вежби за раздвижување надвор. Потоа се фокусираме на оние активности кои ни се предвидени“, вели педагогот Дејан Стојановски и додава дека ова многу позитивно влијае на посетителите на центарот. Тој додава дека настојуваат дворот што подобро да го уредат.

„Бидејќи имаме дрвена конструкција која е од пред неколку години, со корисниците она што го работевме со дрво, сега работиме конкретно на нејзино одржување, репарирање.“

Веќе втора година во Центарот се одвиваат активности во нивната весела градина, односно занимавање со градинарски работи. Психологот Мартина Костовска појаснува дека постојат неколку аспекти во развојот на корисниците.

„Првиот аспект е психолошки, бидејќи корисниците имаат прилика да набљудуваат еден животен биолошки процес. Од почетокот кога едно семе се става во земја или коренче кое ,’рти, расне, кое на крај дава плод. Според тоа со нив можеме понатаму да развиеме и когнитивни активности со нив, со кои ќе го следиме и човечкиот животен процес.“

Самиот процес на вработување е последна алка во процесот на рехабилитација и навистина сите заедно треба да вложиме напор да направиме еден чекор кон успешна интеграција на овие лица во средината во која што живееме и делуваме.

Од физички аспект корисниците имаат прилика многу повеќе да се движат надвор, отколку зиме. Можат да научат и како се работи во бавча.

„Сите процеси ги извршуваат сами. И копање и садење и прекопување и наводнување на бавчата, што не води кон третиот аспект работооспособување. Некои од нив се природно надарени за земјоделието,условно кажано некои ги „бива“, некои помалку. И последниот аспект е практичниот, поради тоа што кога ќе го добиеме резултатот од нашиот труд, самиот плод, самиот зеленчук на крајот директно завршува во нашата кујна. Би додала само дека во „Порака Наша“ за време на летото се приготвуваат најубави салати за ручек.“

Лицата со интелектуална попреченост се една од најмаргинализираните групи во општеството, најчесто живеат во ситуација поврзана со сиромаштија, исклучување и неможност за вработување, вели дефектологот Фросина Симоновска. Таа додава дека стручниот тим настојува меѓу другото, да ги акцентира и работните вештини.

„Имаме визија да направиме една вертикална трансмисија, со тоа што нашите корисници би ги пласирале на пазарот на трудот, да работат како помошници, како асистенти, или пак државата да вложи напори да изнајде форми за поддржување за вработување на лицата со попреченост. Исто така, треба да се знае дека самиот процес на вработување е последна алка во процесот на рехабилитација и навистина сите заедно треба да вложиме напор да направиме еден чекор кон успешна интеграција на овие лица во средината во која што живееме и делуваме.“

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG