Достапни линкови

Владата субвенционира занаети што не постојат


Милан Белев 89-годишен опинчар, најстар занаетчија во Охрид.

Милан Белев 89-годишен опинчар, најстар занаетчија во Охрид.

Задоцнета е иницијативата на Владата за ослободувањето на дефицитарните занаети од некои давачки, велат охридските занаетчии.

Задоцнета е иницијативата на Владата за ослободувањето на дефицитарните занаети од некои давачки, вели Сашо Богоески, претседател на Регионалната комора на занаетчии во Охрид. Според него занаетите во Охрид се пред целосно изумирање, бидејки кај младите нема интерес за изучување на занаети, а слична е ситуацијата и низ целата држава.

Затоа што оние занаети кои што владата ги нуди да ги бенефицира, ги нема. Нуди за опинчари, грнчари, саатчии, наланџии.Тие занаети ги нема и што ќе даваш субенција на некого кога го нема повеќе тој.

„Затоа што оние занаети кои што владата ги нуди да ги бенефицира, ги нема. Нуди за опинчари, грнчари, саатчии, наланџии.Тие занаети ги нема и што ќе даваш субенција на некого кога го нема повеќе тој. Одамна е задоцнета таа мерка, бидејки години наназад владата требаше да преземе некои мерки и за овие старите и дефицитарни занаети да се најде некое решение и да се спасат. За некои занаети веќе нема тотално никаков интерес“, вели Богоески.

Сашо Богоески претседател на Регионалната комора на занаетчии во Охрид.

Сашо Богоески претседател на Регионалната комора на занаетчии во Охрид.

Тој додава дека единствено останува интересот за помодерните занаети како што се фризери, козметичари и автомеханичари.

Старата Охридска чаршија која во минатото била симбол на занаетчиството во Охрид сега е претворена во модерна чаршија, вели тој.

Порано се беше занаети, сега направија куќи и отворија бутици. Имаше порано овде самарџии, ковачи, терзии, опинчари, тенеќеџии.

„Во Охрид се регистрирани 230 занаетчии од кои најбројни се фризерки, козметичарки и бербери. Од кондураџии има само десет, а во изминатите 15 години нема интерес таа бројка да се зголеми.Таа бројка беше и остана. Не гледам во блиска иднина да би се отворил некој занаетчиски дуќан, а малите занаетчиски дуќани се претворени во огромни трговски објекти кои не се автентични, вели Богоески.

Најстар занаетчија во Охрид е опинчарот 89 годишниот Милан Белев. Тој вели дека нема наследник, бидејки никој не сакал да го учи занаетот.

„Нема постари од мене, а нема и други како мене. Во Охрид имаше седум дуќани опинчари. Тие беа Турци и се иселија“, вели БЕлев и додава дека ниту туристите не купуваат.

„Какви странци, ако купи ќе купи за автомобил да стави. Овие групите што идат немаат пари да купат“, вели Белев и додава дека чаршијата сега е изменета многу.

„Порано се беше занаети, сега направија куќи и отворија бутици. Имаше порано овде самарџии, ковачи, терзии, опинчари, тенеќеџии“, вели Белев.

XS
SM
MD
LG