Достапни линкови

logo-print

ФИФА-Одложен процесот за Светското првенство во 2026


Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валцке

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валцке

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валцке изјави дека фудбалската асоцијација ќе го одложи процесот за избор на домаќин за Светското првенство во 2026 година поради обвинувањата за првенствата во 2018 и 2022 година. Тој за време на прес конференцијата во рускиот град Самара нагласи дека не е логично да започне процесот кога ФИФА се наоѓа во таква ситуација. Гласањето за тоа кој ќе биде домаќин на првенството треба да се одржи во Куала Лумпур во мај 2017 година. Во 2010 година беа избрани Русија и Катар за домаќини на првенствата во 2018 и 2022 година.

XS
SM
MD
LG