Достапни линкови

„Македонија вработува“, а еден куп невработени


Министерот за труд и социјала Диме Спасов и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Министерот за труд и социјала Диме Спасов и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Проектот „Македонија вработува“ не е доволен за справување со невработеноста. Ако имаме дополнителни нови вработувања добро е за фирмите, но треба да се има предвид дека некој сметката мора да ја плати, вели професор Сашо Арсов.

Невработеноста е голем проблем во Македонија и не може да се очекува да има намалување на високата стапка со проектот „Македонија вработува“ со кој фирмите се ослободуваат од плаќање придонеси, оценуваат експертите.

Искрено не очекувам дека бројот на тие нововработени е голем или дека ќе биде висок во наредниот период, затоа што проблемите на пазарот на труд не потекнуваат од цената на трудот за да може со ослободување од придонеси да се зголеми вработеноста.

За да има повисока стапка на вработувања потребни се посуштински структурни реформи, вели Бранимир Јовановиќ од Солидарност.

Тој не се надева дека ослободувањето од плаќање придонеси ќе поттикне поголеми чекори кон вработување и посветла иднина во Македонија и порачува дека има потреба од подобрување на образованието и поголема инволвираносот на државата на пазарот на труд, преку вработување на луѓето во јавниот сектор.

„Искрено не очекувам дека бројот на тие нововработени е голем или дека ќе биде висок во наредниот период, затоа што проблемите на пазарот на труд не потекнуваат од цената на трудот за да може со ослободување од придонеси да се зголеми вработеноста“, вели Јовановиќ.

Ако имаме дополнителни нови вработувања добро е за фирмите, но треба да се има предвид дека некој сметката мора да ја плати. Ако фирмите ги ослободиме од плаќање придонеси, во тој случај или на товар на Фондот за пензиско осигурување ќе падне или пак на товар на државата која ќе упалтува во име на фирмите.

Јовановиќ нагласува дека проблемите на пазарот на трудот потекнуваат од лошото образование и несовпаѓањето на понудата и побаруавчката и недостатокот на идеи и иницијативи од луѓето.

Ваквиот проект професор Сашо Арсов го окфалификува како нештетен, но укажа дека некој треба да плати кога има пофлексибилни услови за вработување преку укинување на давачките. Ако станува збор за луѓе кои биле на црно вработени и сега се легализира нивното вработување штета нема, од причини што и досега за тие луѓе не биле плаќани придонеси и ќе може тие раелно да работата и ќе имаат стаж, смета Арсов.

„Ако имаме дополнителни нови вработувања добро е за фирмите, но треба да се има предвид дека некој сметката мора да ја плати. Ако фирмите ги ослободиме од плаќање придонеси, во тој случај или на товар на Фондот за пензиско осигурување ќе падне или пак на товар на државата која ќе упалтува во име на фирмите“, вели Арсов.

Во јавноста тајмонгот во кој се појави проктот отвори сомневања дали е во прашање популизам или грижа за економско социјалните проблеми.

Според професор Арсов од проектот „Македонија вработува“има некакви економски ефекти и не е чист популизам, но нагласува дека генералниот ефект зависи од тоа колку луѓе ќе се вработат, а такви податоци засега нема. Според Агенцијата за вработување со овој прокет за неколку месеци колку што се спроведува се вработиле повеќе од 1.600 лица. За граѓаните од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање придонеси.

За оние над 58 години ослободувањето од придонеси е се до нивното пензионирање. Има и пет години ослободување од придонеси за приматели на социјална помош самохрани мајки и лица со инвалидност и професионални војници без работа.

Јовановиќ вели дека во овој момент размислува за постоење на доза на популизам во проектот и нагласува дека во прашање е десничарски популизам.

„Проектот се јавува во период кога има политичка криза и постојано има критики за социјално економските политики на власта дека тие ја зголемуваат нееднаквоста и сиромаштијата, така што нема дилема дека има барем доза на популизам во проктот. Популизмот не мора да биде лош, меѓутоа во случајов мислам дека станува збор за десничарски популизам што е мотивиран пред сѐ од убедување на луѓето дека власта прави нешто за нив, а не од вистинска грижа на владата за луѓето“, вели Јовановиќ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG