Достапни линкови

Казните за наставниците се враќаат


Архивска фотографија - Протест на наставниците пред Министерството за образование и наука во Скопје, мај 2015.

Архивска фотографија - Протест на наставниците пред Министерството за образование и наука во Скопје, мај 2015.

Честите измени на законите за образование се несоодветни, се носат без консултација на засегнатите и повеќе служат за замајување на јавноста, велат упатените.

Низа реакции од стручната фела предизвикаа измените во Законите за осносвно, средно и високо образование. Од Студентскиот пленум чии претставници неодамна ја напуштија работната група која соработуваше со Министерството за образование и наука поради, како што велат, некооперативниот однос на надлежните во врска со новот концепт на законот, велат дека новиот текст на законот само ги потврдува работите за кои тие увиделе дека се нефункционални.

ие само го потврдуваат она што веќе беше изгласано претходно, односно главната измена се состои во тоа што додаваат уште една година плус мораториум за законот што укажува дека имаме долг временски период за креирање на истиот.

„Тие само го потврдуваат она што веќе беше изгласано претходно, односно главната измена се состои во тоа што додаваат уште една година плус мораториум за законот што укажува дека имаме долг временски период за креирање на истиот. Една година покасно од она што беше донесено како идеја. Значи 2016 година се заменува со 2017“, вели Сара Миленковска од Студентскиот пленум.

Архивска фотографија - Работна средба за нов закон за високо образовани .

Архивска фотографија - Работна средба за нов закон за високо образовани .

Во законот се вели дека со одложување на примената на одредбите се дава дополнителен период на универзитетите за прилагодување и ставање на сите расположливи капацитети на универзитетите во зајакнување на квалификациите на наставниот кадар, научно-истражувачката работа.

Некој прва година се вработил и наредните две години ќе има најмали отстапки и тој ќе зема до пензија 10 посто. А некој триесет години работел, ќе биде казнет. Тоа е некоја пресметка најверојатно со одредени наставници.

Владо Димовски од Наставничкиот пленум, вели дека измените и дополнувањата на законите се носи без никаква консултација од наставниците, па токму затоа дел од нив ги оценуваат како спорни и избрзани. Повлечените казни за просветните работници кои ќе покажат лоши резултати преку екстерното оценување важеле само за учебната 2013-2014 година, а не и за тековната 2015 година.

„Значи она екстерно сега што го правиме, што завршува денеска, извештајот на државниот испитен центар за отстапките во оценките ќе бидат дури во септември и казните си се враќаат пак“, вели Димовски.

Она што според Димовски е недозволиво е системот на наградување за наставниците и професорите кој според него е полош. Во став 8 кој станува став 9 се вели дека ако наставникот две години по ред е награден поради добрите резултати на екстерното тестирање, добива 10 проценти додаток на платата до пензија, односно до престанокот на работниот однос.

Толку често се носат измени што се прави не за образовни реформи туку за дневна политика и дефокусирање на јавноста.

„Дури е пософистициран сега системот на наградување. Тоа е нон сенс. Некој прва година се вработил и наредните две години ќе има најмали отстапки и тој ќе зема до пензија 10 посто. А некој триесет години работел, ќе биде казнет. Тоа е некоја пресметка најверојатно со одредени наставници“, изјави Димовски.

Уште еден пропуст на кој укажува Димовски е делот во кој се предвидува можноста за отказно решение на просветниот работтник кој две години едноподруго бил казнет. Дека измените се избрзани и несоодветни се согласува и поранешниот министер за образование Сулејман Рушити. Законите се носат тврдоглаво, без консултација со експерти и без суштествена потреба за подобрување на квалитетот на образованието.

„Веќе е невозможно да се анализираат сите измени, односно не можат ни да се препознаат првичните концепти на овие закони зошто претрпеле многу измени и дополнувања. Толку често се носат измени што се прави не за образовни реформи туку за дневна политика и дефокусирање на јавноста“, вели Рушити.

Според Рушити намерата на новите измени на конкретните закони не е чесна и не е подобрување на образованието, туку, како што вели, таа е во интерес на заматување на веќе загадениот политички простор.

„Сите тие закони во изминатите 7 години претрпеле толку многу измени, што јас сум сигурен дека таму има одредби кои се контрадикторни една со друга. Мислам дека сите актуелни измени кои произведоа екстерно тестирање со огромни пропусти се резултат на избрзаните решенија. Генерално мислам дека секоја одлука за жал како нус продукт има вакви проблематични решенија“, вели Рушити.

Најновите законски измени во основното и средното образование доаѓаат по преговорите на МОН со СОНК и по потпишаната спогодба во март годинава.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG