Достапни линкови

Заев-Преодна влада без Груевски


Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред денешната средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека нивните позиции се јасни. Тој не сакаше да коментира какви очекувања има од преговорите, иако според него логичните аргументи се на страната на СДСМ, бидејќи нивната крајна цел се фер и демократски избори. Изборите, според Заев може да се спроведат само со преодна влада без премиерот Никола Груевски за граѓаните по слободна волја да гласаат на предвремените избори кои треба да се одржат до април наредната година. Власта во изминатите 9 години, како што рече Заев, го направила овој автократски и диктаторски режим кој може да се отстрани само со месеци работа на преодната влада која ќе ја гарантира слободата на граѓаните и нормализацијата на државата. Дали ќе продолжат со објавувањето на таканаречените бомби, според Заев ќе зависи од тоа со каков резултат ќе завршат денешните преговори.

Портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич денеска на прашањето кои се очекувањата на еврокомесарот од средбата со политичките лидери од Македонија изјави дека не може да коментира бидејќи преговорите се во тек, но се знае оти целта е да се најде решение за политичката криза во земјата и напорите на ЕК се во тој правец.

XS
SM
MD
LG