Достапни линкови

Почна состанокот во Брисел


Состанокот во Брисел на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан започна во Брисел. Еврокомесарот на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледаат Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, а во просторијата во која се одржува состанокот присутен е и известувачот за Македонија на Европскиот парламент Иво Вајгл.

„Состанокот туку што започна. Се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на земјата“ напиша Хан на твитер. Минатата недела во Скопје домашните политичари одржаа долгочасовна средба со Хан по која беше објавено дека се договориле да се одржат избори до крајот на април 2016 година.

На денешната средба најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа, како што јавуваат некои домашни медиуми, и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година.

XS
SM
MD
LG