Достапни линкови

Нетанјаху: и арапските земји веќе не му веруваат на Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека арапските лидери се согласувале со него дека нуклеарниот договор со Иран нема да го запре Техеран да дојде до атомска бомба. Иран и шестте светски сили го финализираат договорот за запирање на иранските нуклеарни амбиции во замена за ослабување на економските санкции. „Колку вреди таквиот договор покажува тоа што никој од регионот, освен Иран, не учествува на овие преговори“, оцени Нетанјаху.

XS
SM
MD
LG