Достапни линкови

Брифинг во Белата куќа прекинат поради закана со бомба


Американската тајна служба соопшти дека собата за брифинзи во Белата куќа накусо била евакуирана откако полицијата добила телефонски повик за закана со бомба. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека претседателот Барак Обама и неговото семејство не биле евакуирани од зградата. Припадници на тајната служба го прекинале телевизискиот пренос од брифингот на портпаролот Ернст. По околу 20 минути на новинарите им било дозволено да се вратат во просторијата.

XS
SM
MD
LG