Достапни линкови

Турскиот премиер Давутоглу поднесе оставка


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка. На ова се гледа како на процедурален потег по неделните парламентарни избори. Давутоглу ќе остане на функцијата се додека не биде формирана нова влада. Владејачката Партија на правдата и развојот на Давутоглу го загуби мнозинството во парламентот и сега е принудена да прави коалициска влада со некоја опозициска партија. Овој процес, според очекувањата, би можело да трае со недели.

XS
SM
MD
LG