Достапни линкови

Во Брисел преговори за политичката криза во Македонија


Лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи денеска во Брисел, со посредство на еврокомесарот за разговори за проширување Јоханес Хан, ќе преговараат за надминување на политичката криза во Македонија. Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите држави Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа, како што јавуваат некои домашни медиуми, и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година.

XS
SM
MD
LG