Достапни линкови

Времето денеска: сончево со локална облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Преку денот ќе дува слаб до умерен североисточен ветер во североисточниот дел од земјава. Утринската температура ќе се спушти од 8 до 16, а дневната од 21 до 32 степена. Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

XS
SM
MD
LG