Достапни линкови

Под контрола ставен пожарот во Украина


Пожарот во Василкив.

Пожарот во Василкив.

Украинските служби за вонредни работи соопштија дека пожарот во складиштето за гориво кој предизвика силна експлозија во близина на главниот град Киев бил ставен под контрола, но тројца пожарникари се уште се водат за исчезнати. Според нив, нема повеќе закана од ширење на пожарот. Украински медиуми јавија дека едно лице починало во болница, а неколку биле повредени во инцидентот. Складиштето за гориво се наоѓа во градот Василкив, кој се наоѓа на 30 километри од Киев.

XS
SM
MD
LG