Достапни линкови

Жртви во судирите во јужна Турција


Турските власти соопштија денеска дека најмалку едно лице загинало во судирите во Дијарбекир кои избувнаа по убиството на раководител на исламска хуманитарна организација поврзан со курдската партија Худа Пар . Според властите, во немирите бил повреден и еден полицаец и двајца новинари. Безбедносни извори соопштија дека четири лица загинале во судирите.

Односите меѓу поддржувачите на двете курдски групи во регионот Худа Пар и Демократската партија на народите се тензични. Инцидентот доаѓа по два дена од изборите откако Демократската партија на народите успеа да влезе во Парламентот на Турција.

XS
SM
MD
LG