Достапни линкови

Бунтовниците заземале воена база во Сирија


Бунтовниците во Сирија ја преземале контролата врз воена база во јужниот дел на земјата. Според бунтовниците од Јужниот фронт, базата позната како Бригада 52 била „ослободена“ во денешниот напад. Базата се наоѓа во околината на градот Харак и е една од најголемите во покраината Дера. Сириската организација за човекови права соопшти дека еден град и село во околината исто така паднале во рацете на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG