Достапни линкови

ОН-Оптимизам за договор со завојуваните страни во Либија


Претставникот на ОН, Бернардино Леон

Претставникот на ОН, Бернардино Леон

ОН соопштија дека завојуваните фракции во Либија реагирале позитивно на предлогот да формираат Влада на национално единство. Претставникот на ОН, Бернардино Леон изјави дека постои оптимизам по преговорите во Мароко.

Предлогот на ОН повикува на формирање едногодишна влада на национално единство, каде советот на министри на чело со премиерот и негови двајца заменици ќе раководи со извршната власт со седиште во главниот град Триполи. Борбите меѓу двете спротиставени власти и нивните вооружени сили предизвикаа криза во земјата по соборувањето на претседателот Муамер Гадафи во 2011 година.

XS
SM
MD
LG