Достапни линкови

Невладини со писмо до ЕУ и САД за преговорите


Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Шеесет и една граѓанска организација денеска доставија писмо до Мисијата на ЕУ во Скопје и до амбасадата на САД во пресрет на новата рунда преговори со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан. Марјан Забрчанец во име на организациите изјави дека од преговорите во Брисел очекуваат да се гарантира процес кој ќе ја обезбеди стабилноста и демократијата во Македонија, а не процес кој ќе помогне за развој на нечија политичка кариера.

Граѓанските организации во писмото бараат формирање на преодна влада која би ги спровела изборите во април 2016, прочистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот радиодифузен сервис МРТ и избор на независен јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG