Достапни линкови

logo-print

Македонска театарска инвазија на Долна Нормандија


Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Нела Витошевиќ, Мартин Кочовски и Горјан Милошевски се македонските творци кои, во периодот од 29 април до 29 мај, успешно реализираа уметнички резиденции во Панта театарот во Каен, Франција. Оваа соработка е дел од Програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија“, во делот за уметничка размена координиран од страна на Локомотива – Ценарот за нови иницијативи во културата и уметноста, а беше реализирана во рамки на проектот – „Пишувањето и режијата, денес“, на 18-то издание на Фестивалот за современи дела, кој оваа година беше посветен на македонска драматургија.

Од крајот на април до крајот на мај годинава, на француски Каен, му се случи вистинска македонска културна, поточно театарска инвазија. Во рамките на проектот„Пишувањето и режијата, денес“, кое се одржа како составен дел на 18-то издание на Фестивалот за современи дела, кој оваа година беше посветен на македонска драматургија, успешно беа реализирани три резиденции на нашите творци Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Нела Витошевиќ, Мартин Кочовски и Горјан Милошевски.

Разменивме различни тенденции во театарот, нивната и нашата, што значи дека актерите, целата екипа заедно со Деламот и луѓето од Панта театарот, многу ни помогнаа да се надгради оваа содржина, овој текст и режисерскиот израз на Мартин Кочовски. Тие беа спремни да најдеме заеднички јазик и да направиме една минијатура која што ќе ја пренесе есенцијата на текстот.

​Оваа соработка е дел од Програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија”, во рамки на проектот за уметничка размена координиран од страна на Локомотива – Ценарот за нови иницијативи во културата и уметноста и Панта Театарот во Каен.

Најнапред беа преведени три македонски драми, а потем на неговиот „Утерус“ соработуваа драматургот Дејан Дуковски и францускиот режисер и директор на Панта театарот, Ги Деламот.

Од 10 до 18 мај, пак, драмата „Шехерезада“ заедно со тамошните актери на сцена се обидоа да ја постават авторот Јаниќијевиќ и режисерката Нела Витошевиќ, за да конечно Милошевски и Мартин Кочовски се втурнат во еден вид голема театарска авантура обидувајќи се да ја отелотворат комплексната „Човекот кој не знаеше да каже НЕ!“, работена според драма на Брехт.

Овој тип на резиденции е многу значаен бидејќи таков тип на програми не постојат во различните сфери на уметноста и не се застапени во Македонија, а се многу битни за размена на искуства во процесите на работа во уметностите .

​„Драмата се фокусира на променливоста и контрадикторноста на човековиот карактер и ние, всушност, преку неа сакаме да ги покажеме маните на некои владеачки идеологии во историјата на човештвото, како комунизмот, социјализмот...и моментално неокапитализмот, со тоа што ниту ги напаѓаме ниту ги браниме, само ги претставуваме такви какви што се. Тоа да се сработи во девет дена, со француски актери, во еден проект кој што е меѓународна соработка и за нас претставува прва средба со таа екипа, беше несекојдневен предизвик меѓутоа наидовме на големи ентузијасти, на многу талентирани актери, спремни веднаш да реагираат, да дадат идеи, да пробаат...Потребно ни беше само ден-два за да најдеме модул по кој ќе работиме и потоа како што се читаше текстот така се изведуваше на сцена. Беше лудо, нам адреналинот ни се качи...имавме и тензични моменти, имавме и преубави моменти на соработка, но генерално мислам дека разменивме различни тенденции во театарот, нивната и нашата, што значи дека актерите, целата екипа заедно со Деламот и луѓето од Панта театарот, многу ни помогнаа да се надгради оваа содржина, овој текст и режисерскиот израз на Мартин Кочовски. Тие беа спремни да најдеме заеднички јазик и да направиме една минијатура која што ќе ја пренесе есенцијата на текстот“, појаснува драматургот Горјан Милошевски.

По завршувањето на резиденциите, на 30 мај, во Панта театарот во Каен бил организиран и еден целовечерен настан посветен на македонската драматургија, во рамки на кој трите македонски драми биле прикажани пред бројна француска публика, составена од професионалци од секторот, претставници на институции и љубители на театарот.

Инаку, втората фаза од проектот ќе се релизира во Скопје, во септември, во партнерска соработка со Македонскиот народен театар. За тогаш е предвидено режисер Ги Деламот и француската авторка Сабин Ревије, со пет македонски актери, 10 дена да работат на поставката на нејзиниот драмски текст „Пардон“, а по завршување на работниот процес, пиесата ќе биде претставена пред македонската театарска публика. На овој начин во Македонија ќе биде промовирана и современата француска драма.

Виолета Качакова, проект менаџер на Локомотива - Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста, вели дека Програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија” е всушност програма која во одреден сегмент овозможува тие да ги реализираат овие цели. Дополнува дека Локомотива во него е вклучена од 2007 година, а од 2013 има и посебен сегмент, кој што се вика „Уметничка размена“, и со кој што се овозможува реализација на ваков вид на уметнички резиденции. Во случајов фокусот бил ставен врз размена на луѓе кои што работат во доменот на театарот, драматурзи и режисери.

„Овој тип на резиденции е многу значаен бидејќи таков тип на програми не постојат во различните сфери на уметноста и не се застапени во Македонија, а се многу битни за размена на искуства во процесите на работа во уметностите“, ќе рече Качакова.

Таа истакнува дека Локомотива ќе продолжи да го развива овој сегмен на соработка и дека во текот на оваа година е планирана уште една размена.

Наскоро тие ќе објават отворен повик за еден визуелен уметник од Македонија кој што ќе има можност во познат Културно-изведувачки центар во Флр, во Долна Нормандија, да оствари 15-то дневен престој и за тоа време да работи на креирање на свое ново дело кое разбирливо потем премиерно ќе и биде претставено на тамошната културна јавност.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG