Достапни линкови

АИ со повик до ОН за Узбекистан


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Амнести Интернешнел го повика генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун да му укаже на узбекистанското лидерство за лошата состојба со човековите права за време на неговата посета на земјата на 12 јуни. Според соопштението, организацијата бара Ташкент да ги почитува меѓународните обврски и да им дозволи ан експертите за човекови права влез во земјата. Од организацијата нагласуваат и дека во Узбекистан мора итно да спроведат реформи со кои ќе се стави крај на тортурата и други злоупотреби од страна на власта.

XS
SM
MD
LG