Достапни линкови

Заев потврди присуство на средбата во Брисел


Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан, соопшти неговата партија. Според СДСМ, искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, формирање влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза. Од СДСМ наведуваат и дека очекуваат принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.

XS
SM
MD
LG