Достапни линкови

Убиени 12 милитанти во Пакистан


Пакистанската војска соопшти дека во воздушните напади во северозападниот дел на земјата загинале најмалку 12 милитанти. Според соопштението, нападите биле спроведени во регионот Кибер во близина на границата со Авганистан. За време на вчерашните судири во покраината Северен Вазиристан загинаа 19 милитанти и 7 војници. Пакистанските власти започнаа голема офанзива против милитантите во Северен Вазиристан во јуни минатата година, а спроведува слични операции и во Кибер.

XS
SM
MD
LG