Достапни линкови

По случајот „Диво насеље“ намалена наплата на вода


Во просек за два ипол милиони денари се послаби приливи во однос на претходните четири месеци од оваа година, велат од „Водовод“ Куманово.

По настаните што се случија на 9 –ти и 10-ти мај во кумановската населба позната како Диво насеље проблемите во локалното комунално претпријатие „Водовод“ се мултиплицирале, вели директорот Горан Стојковски.

Нашиот народ има приоритетна листа, прво плаќа она што може да му се исклучи, прво ја плаќа струјата, а потоа задоволството интернетот и телефоните, додека водата ја остава како последна ствака за плаќање.

„Во просек за два ипол милиони денари се послаби приливи во однос на претходните четири месеци од оваа година. Што резултира со тешко исполнување на нашите обврски спрема доверители, пред се кон ЕВН и кон ЈП „Водостопанство-Кумановско–Липковско Поле“, кои што се наши главни добавувачи со наши два најпотребни енергенси, тоа се струјата за преработка на водата и вода. За преработка на водата се потребни хемикалии и тој процес се состои од четири дела.“

Горан Стојковски, директор на „Водовод“- Куманово.

Горан Стојковски, директор на „Водовод“- Куманово.

За сега според Стојковски тие имаат разбирање, но нормално е нивното инсистирање „Водовод“ да ги исполни обврските кон нив. Од друга страна вработените ги интересира дали на време ќе добијат плата, што секако дека и не е нивна обврска како таа ќе се обезбеди. Сепак, претпријатието мора да ги плати обврските и на време да ги сервисира сите дефекти во Општината Куманово.

„Ако продолжи овој тренд на намалено фактурирање и намалени приливи на средства за исполнување обврски што ги има „Водовод“ кон добавувачите, се надевам дека не веднаш ова лето, но од септември веќе ќе бидеме во големи проблеми. Моменталната состојба навистина е многу тешка.“

За нередовно плаќање сметки од водокорисниците, Стојковски вели. дека сметал оти тој период поминал и дека нема да се повтори. За жал,настаните во Диво насеље проблемот го вратиле на почетна точка, вели тој.

„Мислам дека е од два аспекта, прв и основен е состојбата, а вториот, огромни сметки за електрична енергија. Нашиот народ има приоритетна листа, прво плаќа она што може да му се исклучи, прво ја плаќа струјата, а потоа задоволството интернетот и телефоните, додека водата ја остава како последна ствака за плаќање.“

И во ЈП „Водостопанство“ има разбирање кон „Водовод“, комуникацијата помеѓу двете раководства постои, меѓутоа, како што вели Стојковски, месечната обврска од два милиона денари за да може „Водостопанство“ да функционира редовно се исплаќа. Стојковски ја исклучува можноста поради долговите „Водостопанство“ да ги затвори вентилите на двете акумулации до филтерстаницата.

„Имајќи ја предвид актуелната политичка, економска и социјална состојба, според мене само луд човек во овој момент, без разлика на сѐ, би се осудил да затегне вентил, како во минатото и целиот град да остане без вода. Гледајќи ги настапите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово, барем усно да се поддржи ова претпријатие, не очекувам дека ќе имаме проблеми со водоснабдувањето ова лето.“

Стојковски сепак, е оптимист дека ќе може да ги реализира двата планирани проекти. Тоа е обновување на од пред повеќе од половина век фекална канализација, како и изградба на 20 километри атмосферска канализација, за да не се случува блокада на улиците при дождовите, барем во централното градско подрачје. Со реазлицаија на овие проекти се очекуваат и дополнителни средства за претпријатитето и за вработените.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG