Достапни линкови

Нема аир од Општината, па сами си направиле улица


Неколкумина тетовци со години чекале Општината да им направи пат до нивните куќи и дуќани, па решиле сами да си го направат. Во Општина Тетово одговораат дека изградбата на улици зависи од финансиските можности.

Група жители на Тетово, сопственици на објекти на булеварот Видео Смилевски Бато самите си изградија пристапна улица, образложувајќи дека општината по долги години не одговорила на нивните барања.

Има некаде 2,5 до 3 години откако поднесов молби. Па фала на Господ што има добри луѓе. Имаме добри комшии, има тројца меѓу нив, заеднички решивме, овој пат да го решиме сами.

Исмет Бајрами, кој е сопственик на станбена зграда, вели дека со другите соседи на куќи и деловни простории се решиле на овој потег, бидејќи од земјената патека постојано имало прашина и кал кога врнело.

Исмет Бајрами, жител на Тетово.

Исмет Бајрами, жител на Тетово.

„Има некаде 2,5 до 3 години откако поднесов молби. Па фала на Господ што има добри луѓе. Имаме добри комшии, има тројца меѓу нив, заеднички решивме, овој пат да го решиме сами. Зошто не тепаше прашината, а тука живееме“, вели Бајрами.

Во Општина Тетово одговораат дека изградбата на улици зависи од финансиските можности. Хусеин Демири од Секторот за сообраќај и патишта, како и пред една година, повторно за Радио Слободна Европа најави дека фокусот на општината е пробивањето на булеварот Благоја Тоска, како поголема цел насочена кон надминување на сообраќајниот метеж во центарот на градот.

„Па ние мислиме посериозно да се видат работите, бидејќи тој булевар ни е потребен. Се работи на тоа нон-стоп за да може да се реализира, како и порано што сум изјавил, дека за некои куќи, некои имоти затоа што е решлив нивниот проблем да се почне. Можеби ќе почнеме бргу“, вели Демири.

Општината треба повеќе да работи кон интересите на граѓаните, ако се надева на нивните гласови, порачува Исмет Бајрами.

„Кога дојдов да ја правам оваа зграда платив 100 илјади евра комуналии. До денеска општината барем едно евро не вложи за нас. Навистина е брука невидена. Само една работа да кажам-јас и моите сограѓани да баталиме општина да почнеме сами да правиме нешто. Ако чекаме од овие нема аир. Од никој не се сум видел никаков аир-никогаш нема да излезам на гласање. Да се здрави и живи комшиите и добрите луѓе“, емотивно порача овој средовечен тетовец.

На последната седница на општинскиот Совет беше одлучено општината да се задолжни за 4 милиони евра кои ќе бидат употребени за изградба на инфраструктура-улици, патишта, санирање на канализациони и атмосферски мрежи и системи за водоснабдување.

XS
SM
MD
LG