Достапни линкови

Охрид бил познат по чинари, по ореви, но не и по палми, коментираат познавачите откако на крајбрежјето на Охридско Езеро беа засадени 200 палми.

Садењето на палми околу Охридското Eзеро е непромислен потег, бидејќи палмите се непознати за ова подрачје и не се автохтони растенија, смета Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод во Охрид. Според него палмата е растение кое не му прилега на Охрид.

Мене ми е грозно и ми е страв да прошетам покрај плажите и она што се случува околу крајбрежјето да се насадат на толку мал простор 200 палми е многу.

„Со последниот потег со кој на крајбрежјето на Охридското Езеро се насадија некаде околу 200 палми зборува за еден непромислен потег на тој што ја донел таквата одлука. Во досегашното негово постоење Охрид бил познат по чинари, по ореви, Охрид бил познат по сосема други растенија“, рече Талески.

Според Талески на овој начин на Охрид се сака да му се наметне медитерански лик. Со садењето на палми се наруши и пејсажниот амбиент кој е карактеристичен за ова езеро додава тој.

„Се прават некакви плажи од медитерански тип, па се до носењето на палми е во таа намера. Ако имате вие плажи кои се такви треба да има и палми. Палмата не е автохтона за ова подрачје. Мене ми е грозно и ми е страв да прошетам покрај плажите и она што се случува околу крајбрежјето да се насадат на толку мал простор 200 палми е многу“, вели Талески.

Палмите се навикнати да опстојуваат во сосема други услови и околности и тие не одговараат на нашите услови, вели биологот Беким Зиба.

„Времето и климатските услови каде се поставени палмите не одговараат на нашите услови. Како прво температурите кај нас доаѓаат и до – 10 степени. Тие растенија одговараат само на плус 10 степени. Тие се на погрешно место и во погрешен простор. Мислам дека за кратко време тие ќе се сушат или ќе се уништат од климатските услови во нашата средина“, рече Зиба.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG