Достапни линкови

Романскиот парламент не го укина имунитетот на премиерот


Виктор Понта

Виктор Понта

Романскиот парламент го одби барањето на обвинителството за укинување на имунитетот на премиерот Виктор Понта, кој е осомничен за корупција. 231 пратеник гласаше против, а 120 за усвојување на барањето на обвинителството кое го товари Понта за перење пари, измама, конфликт на интерес и избегнување данок.

Тој меѓу другото е обвинет дека од правна фирма добил 72 илјади долари за фиктивна услуга во периодот меѓу 2008 и 2009 година. Понта парите наводно ги искористил да купи два луксузни апартмани во Букурешт.

XS
SM
MD
LG