Достапни линкови

logo-print

Земјотрес ја погоди Атина


Земјотрес со интензитет од 5,3 степени изутринаtа ја потресе Атина. Zасега нема информации за жртви и оштетувања. Главниот град на Грција последователно беше погоден од голем број вторични потреси, најголемите со јачина од 3,8 и 3,3 степени според Рихтеровата скала. Првиот потрес се случил во 4:09 по локално време во Егејско Море, со епицентар на 77 километри северозападно од Атина и на 26 километри северозападно од Халкида. Тој бил на длабочина од 13 километри. Вторичните потреси се регистрирани во 5:31 по локално време, јавија грчките медиуми.

XS
SM
MD
LG